СВЕШТЕНИК МОНСТРУМ: Германски католички свештеник осуден по 108 обвиненија за сексуално злоставување деца!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Католички свештеник од Германија, Отец Томас, е осуден на осум години и шест месеци затвор за најмалку 108 случаи на силување на деца и поседување на детска порнографија, објавија германските медиуми

53-годишниот свештеник ќе помине неколку години под терапија во затворена писхијатриска институција пред да започне да ја отслужува затворската казна, пресуди судот во германскиот град Дегендорф, пренесува „Ди Велт“.

Лекувањето на човекот, роден во Вупертал, гратче во Северна Рајна-Вестфалија, ќе трае „многу, многу“ години, изјавил судијата Тимас Траутвајн, изразувајќи сомнеж дека терапијата нема да постигне никаков успех, додавајќи дека „педофилијата не е излечлива“. Судијата зборуваше за „неверојатната штета“ која ја направил свештеникот „уништувајќи ги детските души“.

Обвинетиот е осуден за сексуално злоставување на пет момчиња, под 14 години, во 108 случаи направени од 1997 до 2016 во Германија и во странство. Злоставувањето вклучувало и обид за силување на 18-годишна девојка, се направени во градовите Мајнц и Дегендорф, како и во Полска, Италија, Австрија и Швајцарија, пренесува „Дер Шпигел“.

Тој е осуден и поради фалсификување на документи, измама, како и поседување на детска порнографија, пренесе „Сјудојче Цајтунг“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This