СДСМ ГУБИ ПО СИТЕ ОСНОВИ: Детални резултати од анкетата на „Брима Галуп“ кој гарантира катастрофален пораз на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според резултатите од последната анкета што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“ 38,3 отсто од испитаниците се изјасниле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повеќе се грижи за националните и општите интереси на Република Македонија, а само 17,2 проценти сметаат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е поголем патриот.

chart-01-politicari-horizontal-520x306

 

„Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, ја спроведе анкетата на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 11 до 17 ноември 2016, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.tbl01-chart-01-politicari-horizontal-520x279

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, ги издвојуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците.

Груевски е изборот на граѓаните кога е во прашање премиерска функција. Тие сметаат дека првиот човек на владејачката партија е подобро решение доколку треба да се избира помеѓу него и претседателот на опозициската СДСМ, Заев.

chart-02-politicar-premier-520x309
Дури 42,5 проценти се изјасниле дека би го избрале претседателот на владејачката партија. За Заев се одлучиле само 24,1 процент.
tbl02-chart-02-politicar-premier-1-520x225
Македонците категорично ги одбиваат ставовите на Зоран Заев за употребата на албанскиот јазик.

chart-03-zaev-albanski-520x402
Дури 70,6 отсто се изјасниле дека не ги прифаќаат ставовите на првиот човек на СДСМ. Само 17,9 проценти се согласуваат со Заев околу ова прашање.

tbl03-chart-03-zaev-albanski-520x225

Граѓаните не веруваат дека опозицијата, доколку ја преземе власта би била подемократична во однос на актуелната власт.

chart-04-opozicija-520x402

29,2 проценти се изјасниле дека опозицијата би била подемократична доколку дојде на власт, наспроти 48,4 проценти кои сметаат дека доколку дојде на власт опозицијата нема да биде подемократична од актуелната власт.

tbl04-chart-04-opozicija-520x160

СДСМ не е подобра алтернатива од ВМРО-ДПМНЕ, сметаат поголем дел од македонските гласачи.

chart-05-sdsm-dpmne-1-520x402
Дури 50,8 отсто веруваат дека актуелната власт е подобра алтернатива, а речиси половина помалку, односно 26,7 отсто се со спротивно мислење.
tbl05-chart-05-sdsm-dpmne-1-520x160
Граѓаните не веруваат ни дека СДСМ, доколку дојде на власт ќе работи подобро, односно ќе има подобри мерки и програмиод ВМРО-ДПМНЕ.

chart-06-sdsm-dpmne-2-520x402
Само 25,2 отсто од испитаниците се изјасниле дека СДСМ би работела подобро, наспроти двојно поголемиот број гласачи, 50,9 проценти, кои сметаат дека опозицијата, доколку дојде на власт, ќе нема подобри мерки и програма од актуелната владејачка партија.

tbl06-chart-06-sdsm-dpmne-2-520x160
Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се поблиски до ставовите и личните убедувања на граѓаните.

chart-07-partii-stav-520x407
На прашањето без разлика дали би гласале или не, која партија е поблиска до вашите ставови и лични убедувања, 37,3 проценти се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 проценти за СДСМ.

tbl07-chart-07-partii-stav-520x160
45,5 проценти од македонските гласачи веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори. На прашањето Според вас, кој би победил на следните избори, македонските испитаници одговориле:

chart-08-partii-izbori-1-520x365
16,6 проценти пак сметаат дека СДСМ би издвојувала победа.

Според македонските гласачи ВМРО-ДПМНЕ генерално има поголема поддршка од граѓаните.

chart-09-partii-poddrska-520x409
53,4 проценти од испитаниците веруваат дека актуелната владејачка партија има поголема поддршка, наспроти 18,5 проценти кои се со мислење дека поддршката од граѓаните и е наклонета на СДСМ.

tbl09-chart-09-partii-poddrska-520x160
Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е подобра, сметаат поголем дел од граѓаните.

chart-10-partii-programa-520x409
Дури 43,7 проценти се изјасниле дека владејачката партија има подобра програма, наспроти двојно помалиот број граѓани, 22,9 проценти, кои сметаат дека СДСМ има подобра програма.

tbl10-chart-10-partii-programa-520x160
Анкетата ја репрезентира популацијата според основните демографски карактеристики – пол, возраст, образование, национална припадност, работен статус, место на живеење село – град, регион. Анкетирањето е спроведено со метод анкета лице влице, во домот на анкетираниот. Се анкетира само едно лице во семејство кое е избрано случајно во рамките на семејството лицето кое има прв следен роденден.

Маргина на грешка е ± 3.1 проценти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This