Поранешниот висок функционер на СДСМ, Љубомир Фрчкоски во гостување на „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека СДСМ е втора Албанска партија во Република Македонија после ДУИ.
– Успеавме да направиме еден нoв блок на македонско-албанска или граѓанска мобилизација со еден нов политички момент во нашта политичка култура воопшто, 60.000 албанци гласаа за СДСМ, СДСМ е втора албанска партија, после ДУИ. Тоа се супстанцијални промени, потенцира Фрчковски.
Воедно во своето гостување Фрчковски истакнува дека е добро што Албанските партии формираа блок благодарени на нашиот меѓународен пријател Еди Рама.