СДСМ: Намалувањето на ДДВ за струјата од 18 на 5 отсто е потврда за нашата посветеност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена кон заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани со континуирана имплементација на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети“, соопштуваат од СДСМ.

„За таа цел, донесена е одлука за намалување на данокот на додадена вредност за електрична енергија од 18 на 5 отсто од 1 јули годинава. Намалувањето на данокот на додадена вредност е со цел со пониски цени да им се помогне на домаќинствата за намалување на нивните трошоци.

Како резултат на оваа одлука, граѓаните нема да го почувствуваат можното движење на цената на струјата и ќе се компензира евентуалното зголемување на трошоците кај струјата.

Сепак, последниот збор за одредување на цената на електричната енергија го има Регулаторната комисија за енергетика. Институциите предводени од СДСМ секогаш се на страната на граѓаните и се грижат за подобрување на животниот стандард.

Ветеното го остваруваме. Ја вративме евтината тарифа за струјата, додека електричната енергија во земјава е меѓу најевтините во регионот и во Европа. СДСМ како одговорна партија работи одговорно, чесно и единствено во интерес на граѓаните“, додаваат оттаму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This