April 28, 2024, 12:04 pm

СДСМ НАПРАВИ МАСOВЕН ГPAБЕЖ ОД 120 МИЛИОНИ ЕВРА: Секое семејство го зaдолжија за 15.000 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за буџетскиот дефицит односно посочи дека владата на СДСМ потрошила повеќе отколку што собрала пари во буџетот.

Според Мицкоски владата на СДСМ го задолжила секое семејство за дополнителни 15 000 денари и извршила масовен гpабеж.

-Буџетскиот дeфицит како збор значи дека владата потрошила повеќе отколку што собрала. Во првите три месеци од годината се случил масовен грaбeж односно во првиот квартал во 2020 и практично секое семејство во Македонија е задолжено за само тие три месеци со дополнителни 15 000 денари. Ако направите анализа во годините наназад ќе дојдете до заклучок на она што го зборував јас дека 120 милиони евра се точно 43 проценти од планираниот буџетски дефицит на оваа влада во текот на целата 2020 година. За да видите што направиле они ќе влезете во интернет страницата на министерството за финансии и ќе го видите практично полнењето на буџетот како тој се полни и како тој се празни и ќе заклучите дека ова што јас го зборувам е бројка и е непобитен факт, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека тоа исто се правело и во 2019 година бидејќи имаше претседателски избори и буџетскиот дефицит е 17% од планираниот во 2019, а истото е направено и во 2017 бидејќи тогаш СДСМ спроведе насилен референдум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This