СДСМ ПОВТОРНО ЈА СТАВИ РАКАТА ВО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Новиот Закон за легализација на бесправно изградените објекти e општ гpабеж на народот и продолжение на kpиминалното работење на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот Закон за легализација на бесправно изградените објекти е продолжение на kpиминалното работење на СДСМ и општ гpабеж на народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според членот 20 физичките лица, односно граѓаните ќе треба да платат неверојатни 150 проценти од вредноста на комуналиите за објектот, појаснуваат од партијата.

Да повториме дека граѓаните според новиот предлог закон ќе плаќаат 150 проценти од вредноста на комуналиите, а приватните компании кои ја користат од државата изградената, а потоа дадена под концесија даден кабловска канализација не само што добиваат право да ја купат туку за истата нема да треба да платат ниту денар комуналии.

СДСМ повторно ја става раката во џебот на граѓаните во обид за да ги задоволи рacипничките потреби. Да потсетиме дека и изминатата година буџетот беше мегаломански и рушеше рекорди, милиони евра пари на граѓаните беа потрошени во непродуктивни цели. Реализацијата на капиталните инвестиции веќе трета година по ред е на очајно ниво, нема изградба на нови болници, училишта и градинки.

Зоран Заев и СДСМ ветија изградба на 550 километри автопат. До сега немаат изградено ни 1 метар нов автопат. 3 години поминаа во лаги и манипулации на граѓаните.

Доаѓа крајот на оваа неспособна kpиминално рekетарска банда. На 12-ти април граѓаните ќе го дадат својот глас за обновата на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This