Стево Пендаровски е заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ.
Раководството на СДСМ вечерва на состанокот ги разгледала кандидатурите на 24 кандидати кои се пријавиле на огласот што го распиша паријата и зазела дефинитивен став дека Пендаровски е најдобриот кандидат во моментов, иако и другите би биле заслужено избрани.
Стево Пендаровски е кандидатот со кој СДСМ и ДУИ ќе излезат на претседателските избори. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека Пендаровски ќе биде предложен за консензуален претседателски кандидат на Македонија.
Заев рече дека очекува поддршка од сите и додаде дека останатите фаворити за претседател го прифатија Пендаровски како претседателски кандидат.
Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.