April 28, 2024, 12:11 pm

СДСМ: Убeдливo побeдyвaмe на избори, граѓаните ја препознаа нашата бopбa за пpaвнa држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните ја препознаваат нашата бopба и посветеност за право и правна држава, се нагласува во денешното сооопштени од СДСМ во кое се наведува дека на анкета што ја спровеле водат пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Резултати од спроведено теренско истражување на јавното мислење од страна на Тим институт, реализирано за потребите на СДСМ. Опцијата и политиките што ги застапува и релизира СДСМ имаат најголема поддршка меѓу граѓаните. На прашањето за кого би гласале, за коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,1 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21.1 од испитаниците. Во однос на главните приоритети, истражувањето покажа дека на граѓаните важни им се економија, правда, корупција, здравство. Токму затоа како одговорна партија, работиме и зборуваме за економија, затоа се бориме за правда и борба против криминалот, се наведува во соопштението.

Натаму во истото се додава:

– Високата поддршка на граѓаните за влез во ЕУ и НАТО го потврдува нашиот стратешки приоритет за интеграција во најмоќните светски сојузи. Граѓаните ја препознаваат нашата борба и посветеност за право и правна држава со функционални институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата. Кога и да има изброи, СДСМ би победила, но добро е за државата, за економијата и граѓаните, мандатот да биде завршен до крај. Како одговорна партија, остануваме со граѓаните, продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО, соопшти Центарот за комуникации на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This