СДСМ ЌЕ ЗАВРШИ КАКО „ПАСОК“ ВО ГРЦИЈА: Најдобар доказ за тоа како СДСМ стојат со доверба кај народот е фактот дека тие избегаа од предвремени парламентарни избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдобар доказ за тоа како СДСМ стојат со доверба кај народот е фактот дека тие избегаа од предвремени парламентарни избори.

Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на Алфа телевизија.

-Власт посакува предвремени парламентарни избори затоа што може да добие уште еден мандат во услови кога е најсилна. Оваа власт во Република Македонија бега од предвремени избори затоа што знае дека е слаба. И како ќе поминува времето, ќе стануваат уште послаби. Следниот период нив ќе им се сведе на притисоци и уцени и на крадење. Ќе прават притисоци и уцени кон луѓето, а од друга страна ќе крадат затоа што знаат дека ова им е последно. Не само што ќе изгубат на избори, туку ќе завршат како Пасок во Грција, ќе станат маргинална политичка партија и затоа вака душмански се однесуваат кон државата која треба да ја водат, рече Николоски.

Тој порача дека СДСМ и ДУИ не може да бираат консензуален кандидат, туку таквиот кандидат кој ќе го изберат ќе биде кандидат за Заев и Ахмети.

-Не може тие да зборуваат за консензус затоа што не претставуваат мнозинство од народот кој живее во Македонија, а камоли да ги претставуваат сите па да зборуваат за консензус. Да имаше предвремени избори ќе беа дебело поразени, како што ќе бидат поразени на претседателските. Има консензуален кандидат за македонскиот народ, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова, порача Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This