СДСМ ja ypнa eкoнoмиjaтa вo Македонија, втopиoт peбaлaнc нa бyџeт e дoкaз за нивнaтa нeгpижa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доказ дека владата предводена од СДСМ и Заев не се грижи за граѓаните е вториот ребаланс на Буџет.

Наместо владата да ги намали непродуктивните трошоци, таа крати од здравство и образование. Буџетот на министерството за здравство се врати на истото ниво како во првичниот буџет, односно оваа Влада за 2020 нема да одвои ниту еден денар повеќе од она што го планирала пред пандемијата. Во фондот за здравствено осигурување ситуацијата е иста. Симболично зголемување од 4,9 милиони евра со двата ребаланси. Колку да не биде без ич.

Блокираните сметки на локалните самоуправи ќе си останат, бидејќи власта единствено се грижи за своите бизниси и џебови.

Оваа влада не изврши ниту изградба, доградба, реконструкција на болници, а за друго и да не се говори.

СДСМ треба да знае дека приходите со вториот ребаланс нема да се остварат, па колку и да си играат со повратот на ДДВ, колку и да казнуваат за сообраќајни прекршоци. Нема приходите да се остварат ниту со присилно собирање од фирмите, блокирање на сметки кај население и кај претпријатија

Оваа власт ја доведе Македонија пред грчко сценарио. Оваа власт Македонија ја врати десетици години наназад. За неспособноста и неодговорноста оваа власт кога тогаш ќе одговара пред граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This