СДС СО ЦРНА КАМПАЊА НА ДЕН ПРЕД ИЗБОРИТЕ: Обиди за оцрнување на Мисајловски, од човек кој може да се пофали само со насилство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само на неколку часа до почнувањето на предизборниот молк, СДСМ целокупната црна кампања ја заокружува со класични лаги и измислици во обид да ги дискредитира кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ преку нивните медиуми денеска пласираше целосно лажна вест, дека кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски бил осуден за насилство, наводно за некаков настан кој се случил пред цели 10 години, односно во 2008-ма година, кога Мисајловски имал 23 години.

Ваквата лажна вест го покажува само очајот во кој се наоѓа СДСМ и стравот од изборен пораз во недела, па мора со вакви измислици да се дискредитираат политичките противници.

Доколку имаше барем и малку вистина во ваквите тврдења, тогаш сигурно СДСМ немаше да чека до последниот ден од кампањата за да обвинува за настан кој наводно се случил пред 10 години.

Ова јасно ја покажува намерата на СДСМ дека нивната битка не е насочена кон фер натпревар со понуда и изборна програма, туку со црни измислици за да се наштети на политичките опоненти.

Наспроти ваквите лажни обвинувања за насилство на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот насилник е токму нивниот кандидат Александар Наумоски, кој во протестите на „Шарените“ во 2015-та година беше забележан како ја каменува македонската полиција.

За насилството на Наумоски постојат видео снимки и фактички докази и аргументи, а не измислици за некаква тепачка во која учествувал Мисајловски пред 10 години. Ѓорчевци ги препознаваат ваквите ниски обиди за манипулација и порачуваат дека во недела ќе ги казнат и СДСМ и Наумоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This