СЕВЕРИНА НЕКОЛКУПАТИ ПОСЕТИЛА ПРИВАТНА КЛИНИКА: Го подготвува телото за вештачко оплодување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската пејачка Северина и сопругот Игор Којиќ сакаат да станат родители. Според нивни блиски пријатели, тие размислуваат за дете, а Северина неколкупати посетила приватна клиника за вештачко оплодување. Таму ги извршила задолжителните прегледи и консултации во врска со вештачкото оплодување. Според нејзините пријатели, Северина го сменила начинот на исхрана, се обидува да го намали стресот и да процедурата.

30-годишниот Игор и 45-годишната пејачка се во брак речиси три години. Минатата пролет Северина била бремена, но имала спонтан абортус. По речиси една година, двојката  решила да се обиде повторно.

Иако и лани долго време криеле дека Северина е бремена, во едно скорешно интервју за „РТЛ директ“, низ солзи раскажала дека имала спонтан абортус поради стресот што го доживеала за време на судењето за старателство со Милан Поповиќ, татко на нејзиниот шестгодишниот син Александар.

„Едно дете загубив, ова нема да го загубам“, рекла таа, мислејќи на синот Александар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This