СЕГА ДЕВОЈКИТЕ ГО РАЗОТКРИВААТ: Огњен Врањеш посрамотен на Инстаграм!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш се најде во центарот на вниманието благодарение на аферата со поп-пејачката Јелена Карлеуша, која повеќе од еден месец ги полни страниците на домашните, но и на регионалните таблоиди.

Изгледа неговиот обид да ја „понижи“ пејачката, тврдејќи дека фотографиите што ги преплавија медиумите се нејзини, не наиде на поддршка и одобрување кај голем број девојки, кои сега јавно го понижуваат.

Имено, една атрактивна девојка, која се занимава со фитнес, на својот инстаграм-профил објави порака за која тврди дека и’ ја испратил женетиот Врањеш.

„Тооооооп изгледаш!!!“, напишал фудбалерот, но не добил повратен одговор, но затоа добил објава на профилот на девојката, со коментарот:

„Пријателе, во погрешна црква си нашол да се молиш!“.

Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку дена првпат јавно се огласи по повод скандалот кој ја следи изминативе недели.

По овој повод Карлеуша најави правна битка против медиумите кои според неа, ширеа лага за нега и нејзиното семејство.

Во видеото, во кое се гледа како таа седи на маса полна со документи, пејачката изјави:

„Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод. Се што е досега објавено од страна на медиумите, како моја изјава, изјава на мојот сопруг или член на моето семејство, се апсолутна лага и измислица. Пред мене стојат потпишани правни полномоштва за 120 српски медиуми поради страшна нечовечка медиска антикампања и линч. Удрија на моето име, достоинство, моето семејство, на моите деца, маж, татко, мајка“, и додаде дека ќе го тужи и Огњен Врањеш, бидејќи е соучесник во аферата, ширејќи лаги.

Јелена исто така вели дека сите добиени пари во судскиот спор ќе ги донира.

-Сите пари кои ќе ги добијам од тужбите, покрај парите кои мојот сопруг и јас веќе со години ги даваме во хуманитарни цели, како што е добро познато, јавно ќе ги подарам на најзагрозените групи во Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This