СЕГА НЕМА ПРАВДА, НО ИМА МИР: Зошто нема правда за Јанушев, како што имаше за Нешковски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу различности и спротивставености во два случаи кои обединуваат иста семејна трагедија. Двајцата Мартиновици, двајцата родени во 1989 година, едниот Нешовски беше претепан до смрт на 6 јуни 2011 година, а другиот, Јанушев, беше застрелан пред влезот на зградата во која живеел во Аеродром на 3 ноември 2017 година. – пишува Република

Убиецот на НешовскиИгор Спасов, беше приведен и изведен пред истражен судија два дена по убиството.

Основното јавно обвинителство до денес не поднело обвинение за убиство против Филип Секуловски, осомничен за убиството на Мартин Јанушев. Институциите до сега не го расветлија убиството и дозволија убиецот да избега, иако уште истата вечер низ медиумите се пренесе информацијата кој го застрелал Јанушев.

Четири месеци откако Спасов го претепа до смрт Мартин Нешковски, покренато беше правосилно обвинение. На 16 јануари 2012 година, 6 месеци по убиството, беше изречена пресуда од прв степен, Игор Спасов, припадникот на специјалната единица „Тигри“, е осуден за убиство на Мартин Нешкоски. Спасов е осуден на затворска казна во траење од 14 години. Со тоа случајот Нешкоски е затворен и решен.

 

Осум месеци откако Секуловски пукаше во Јанушев, обвинение нема, а на официјалната страница на МВР стои дека против Секуловски има распишано меѓународна потерница, но не е прецизирано за кое кривично дело се бара. Дали потерницата е поради убиството на Јанушев  или поради бегство од „Идризово“, каде што беше на издржување затворска казна, а беше пуштен од затворот на слободен викенд, ден пред убиството по што му се губи трагата.

Судот со седиште во Стразбур во 2016 година констатирал дека не е повредено ниту едно право загарантирано со Конвенцијата од страна на државата, односно дека државата спровела ефикасна истрага во случајот Мартин Нешковски. Државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

„Во вториот случај по жалбата на г-ѓа Нешкоска, Европскиот суд за човекови права смета дека државата презела ефикасна истрага во однос на утврдување на причините за смртта на нејзиниот син, односно дека државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на ЕСЧП во истоветни случаи. Притоа, Судот констатирал дека не е повредено ниту едно право загарантирано со Конвенцијата од страна на државата“, се вели во сопштението на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права

Од Јавното обвинителство не прецизираат каде до каде е постапката и зошто се уште нема обвинителен предлог, кога истражните органи тврдат дека случајот бил разрешен, со тоа што идентитетот на убиецот на Јанушев е познат, без разлика што тој е во бегство.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје се постапува по кривичната пријава. Во истражна постапка се преземаат во континуитет дејствија за да се утврдат факти. Испитани се сведоци и законските застапници на оштетениот. Осомничениот е се уште недостапен на органите на прогонот“, велат од ОЈО за Алфа.

За Филип Секуловски има распишано меѓународна потерница, но на официјалната страница на МВР не стои за кое кривично дело се бара, дали потерницата е поради убиството на Мартин или поради тоа што тој е бегалец од Идризово каде беше на издржување затворска казна, а ден пред Јанушев да биде застрелан, Филип беше пуштен од затворот на слободен викенд, по што му се губи трагата.

Критичната ноќ неколку часа по ликвидацијата на Мартин, на социјалните мрежи беше посочувано лице како наводен извршител на ликвидацијата. Истиот тој беше поврзан и со фантомската агенција за обезбедување „Омерта“, но, овие наводи беа демантирани од истражните органи.

Чаршиската истрага, побрза од онаа на полицијата и обвинителството, ден по убиството на Јанушев го лоцираше и Филип Секуловски како наводен извршител на убиството, по нарачка на тајниот сопственик на „Омерта“. Две недели по шпекулациите обвинителството се одважи да распише меѓународна потерница по Филип, но до денеска никако да докаже дека токму Секуловски критичниот 7 ноември го повлекол орозот на пиштолот, нишанејќи во Мартин.

Во меѓувреме, Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски во 2012 година на затворска казна од 14 години излегол од затворот во Идризово и во моментов се наоѓа во својот дом во Штип. Официјалното образложение за пуштањето на овој поранешен полициски службеник е дека е направен прекин на казната заради лекување. Всушност, деновиве Спасов е пуштен и на 15-дневен отпуст заради лекарски прегледи, а сега добил уште додатни 30 дена. Не се кажува за каков проблем станува збор, ама не му било местото во арестанското одделение, специјалното болничко крило за затвореници, затоа што таму, како велат од Управата за санкции, биле сместувани само тешко болните. Според информациите, Спасов од дома ќе чека термин за магнетна резонанса.

 

Извор
Република.мк

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This