Сега ќе има за Германија вакцини – Баер стартува производство на вакцина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германски „Баер“ се вклучува во производство на вакцини против корона вирус и тоа заедно со „КјурВак“ (CureVac), чија вакцина во мометот се наоѓа во завршна фаза од тестирањето, соопшти денес компанијата.

„Во нашиот погон во Вупертал треба да започнеме со производство навакцините на компанијата „КјурВак“. Испораката на првите дози се очекува кон крајот на годината“, рече членот на управата на „Бајер“, Стефан Олрич.

Вакцината на „КјурВак“, од германски Тибинген, во моментов се наоѓа во третата фаза од испитувањата, а издавањето употребна дозвола се очекува во следните неколку месеци.

Директорот на компанијата „КјурВак“ Франц Вернер Хас, рече дека неговата фирма прегу мрежата на производители ќе обезбеди производство на 300 милиони дози до крајот на оваа година. Самостојно „Баер“ би произвел најмалку 160 милиони.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја поздрави најавата за соработка меѓу двете фирми и најави склопување договор за откуп на оваа вакцина.

Шпан рече дека и по летото и предвиденото вакцинирање во Германија ќе бидат потребни дополнителни количини вакцини против корона вирус поради потребата од освежување на вакцините, но и поради можните мутации на корона вирусот. Најголем проблем е испораката на помалку количини вакцини од нарачаното.

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на сојузните држави ќе се состанат денеска со претставници на производителите на вакцини за да ги надминат проблемите во почетокот на вакцинацијата во Германија.

Во моментот, најголем проблем е испораката на помаото количество вакцини од нарачаното.

„Баер“ е најновиот производител кој најави дека се вклучува во производтво на вакцината за да се намалат недостатоците од вакцини против Ковид-19, откако минатата недела фармацевтските компании „Новартис“ и „Санофи“ најавија дека ќе му помогнат на „Фајзер“ во производство на вакцините

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This