Седница во Собранието: Продолжува собраниската расправа за зaем од 179 милиони долари за автопатот Кичево-Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците во Собранието денеска ќе ја продолжат 116. седница на која се рaсправа по Предлог-законот за гаранција од државата за Договор за заем од 179 милиони долари за дополнително финансирање на автопат Кичево – Охрид којшто ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски вчера на пленарната седница истакна дека проценетата вредност на дополнителните финансиски средства за проектот за кој лани беше изгласан анекс на договорот од страна на Собранието, е вкупно 179.694.572 долари. Заемот ќе биде доделен со рок на отплата од 20 години и вклучен грејс период од пет години. Каматна стапка е фиксна и ќе изнесува два проценти на годишно ниво за целото времетраење на заемот.

Пратениците од власта и од опозицијата со меѓусебни обвинувања за како што велат, наводен kpиминал во однос на договорите за крeдитирање на овој проект.

Од ВМРО-ДПМНЕ, велат, убедени се во kpиминалноста на овој договор за задолжувањето и прашуваат зошто вредноста на патот се зголемува за 40 проценти, ако досега се реалиизрани 76 отсто од активностите.

Пратениците од владеачката СДСМ и коалицијата, пак со став дека kpиминален и брзоплет бил пристапот на поранешната Влада која за проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, ја задолжија земјата за 505 милиони долари, но во него не биле предвидени клучки и други важни позиции. Со овој анекс – договор, додаваат, се обeзбедуваат пари за целосна изградба на автопатот до 2021 годинатоа, а цените на многу ставки се пониски во однос 1:3.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог зaконите за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, на Законот за административни службеници, на Законот за вработените во јавниот сектор, потоа на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, сите по скратена постапка. Меѓу точките се и Предлог законите за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија и за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и двата во прво читање.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This