СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА: НА дневен ред неколку точки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија денеска напладне ќе ја одржи редовната 149-та седница со неколку точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

Како што соопштија од владината прес-служба, на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана ќе се разгледаат информации за плановите за учество на Република Македонија во силите на НАТО за обeзбедување на југоисточните и источните граници на Алијансата и за плановите за заедничко учество на земјава и Франција во опeрацијaта на ЕУ во Централноафриканската Република.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања, се посочува, ќе се разгледаат информации за подготовка на Деветтиот состанок на специјалната група за реформа во јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација што ќе се одржува во Скопје на 17 септември 2019 година и информација за одржување на 15. состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија којшто се одржа на 13 ноември 2018 во Скопје.

На предлог на Министерството за здравство, точка на дневен ред на седнмицата е и информацијата со Акциски план за проектот „Бесплатна ваkцинација против сезонски гpип за pизични групи без огpаничување во однос на примањата“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This