СЕДУМ ГОДИНИ НЕ ГИ ВИДЕЛ НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ ЗАРАДИ ЖЕНА МУ: Отсекогаш му се противеле и не му дозволуваа да се ожени за неа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас сум син единец на моите родители, но нив не сум ги видел ни слушнал релиси седум години, поточно откако се оженив. Отсекогаш се противеа и не ми дозволуваа да се оженам за неа, зошто ми викаа дека е неморална или пачавра како сакате, во целиот наш крај.

Ние живееме во мало место и се’ се знае за секого. Таа уште како мала излегла од дома за да се бави со манекенство, живеела сама, сама заработувала и сама се пробивала во животот.

Многу е убава и затоа ја биеше глас дека со дигање нозе ги купувала скапите парчиња на неа, колата дека и ја купил некој бизнисмен и се’ што поседува дека и е подарок од мажи со кои таа спиела. Јас не поверував во ништо од тоа, па и да има нешто вистина, што било порано – поминало. Мене ме интересира од мометот кога е со мене. Многу ми е убаво со неа и многу ја сакам.

АМА моите родители ми рекоа ако ја оженам да не им ја носам кај нив дома, а јас пред очи да не им се појавувам. Беше тоа голема кавга, не сакам да се навраќам на детали.

Ја сакам мојата сопруга, повеќе од себе, ја оженив и првите неколку години живеевме кај нејзините родители, а еве веќе 3 години живееме во Скопје под кирија. Слушнав дека мајка ми многу била болна и дека со месеци е „прикована“ за постела. Имала мозочен удар. Со денови се размислувам да одам да ја посетам, ама се плашам како ќе ме прифатат кога ќе ме видат.

Пред некој ден ја прашав жена ми што мисли за тоа, а таа ми рече да не се глупирам и ни случајно да не одам таму, зошто уште полошо ќе биде кога ќе ме исфрлат низ врата како куче на клоци. Мислам дека е во право, зошто ако сакаа да ме видат ќе ми се јавеа некогаш, ќе пратеа абер, ќе дојдеа кај мене за овие седум години. Додуша уште немаме деца, инаку јас сигурно ќе ги известев дека имаат внуци.

Искрено, многу ми недостигаат, сите тие, и мајка ми и татко ми, и куќата и дворот, и мојата соба. Сакам да ја видам мајка ми, може ќе умре а ќе останеме скарани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This