April 27, 2024, 12:26 am

Седум пoвpeдeни пoлицajци, осум пpивeдeни, три новинарски екипи нaпaднaти – епилог од денешните пpoтecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седумина повредени полицајци и осум приведени е епилогот од денешниот насилен протест организиран од роднините на осудените терористи во случајот „Монструм“.

Околу 2.000 лица попладнево се судрија во полицијата во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во правец од Битпазар, откако по попладневната молитва во џамиите се собраа на протест, барајќи слобода за осудените терористи за случајот со седумкратното убиство кај Смилковското езеро.

Полицијата употреби солзавци и шок-бомби за да ја растера насилничката толпа, која од почетокот провоцираше судир со полицијата.

На протестот беа упатени низа на националистички пораки, меѓу кои и оние за „Голема Албанија“, се скандираше името на терористичката организација „УЧК,УЧК“, а организаторите бараа слобода за осудените терористи тврдејќи дека тие се невини.

Нападнати се најмалку три новинарски екипи, а репортерот на „Инфомакс.мк“ Борислав Стоилковиќ заврши со повреди по нозете и фрактура на левата рака.

Полицијата се уште работи на приведување на насилниците кои ги предизвикаа немирите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This