СЕЛА БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Без избори „Алијансата за Албанците“ нема да влегува во владеачката коалиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијансата за Албанците ги поддржува напорите и го охрабрува меѓународниот фактор и македонската Влада да го решат проблемот со името, но потсетува дека било кој предлог за името треба да биде меѓународно преведен и никако не треба да асоцира еднострано, само на јазикот и писмото на една одредена етничка заедница во земјата.

Ова е еден од заклучоците на првото Централно собрание на Алијансата кое вчера се оддржа во Кичево, по партискиот конгрес.

– На овој начин решавањето на овој повеќегодишен проблем ќе ја одрази мултиетничката реалност на земјата и ќе има важна улога во градењето на мирот, стабилноста и долгорочната толеранција во земјата – велат од партијата на Зијадин Села.

Алијансата информира дека на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да и претходи парламентарен изборен процес.

– Оваа едногласна одлука на Алијансата се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото – велат од партијата.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This