Села ги извади ракавиците, бара дебата со Ахмети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, нема ништо лошо во тоа еден Албанец да биде премиер, што дури и според него би помогнало во натамошна демократизација на земјатанема. Ова тој го изјави во емисијата „Патот кон“, во која Села зборуваше за политичките случувања во земјата, пренесува Експрес.мк.

Но според Села идејата предложена од Али Ахмети не е искрена.

-Ваквата идеја во овој момент би била многу корисна за ВМРО-ДПМНЕ да го промовира македонскиот национализам за да добие повеќе гласови и во исто време Ахмети би ја искористил оваа идеја да ја игра улогата на патриотот, за да добие гласови од Албанците, но самиот Ахмети рече дека тоа е само негов сон, рече Села.
Селае подготвен јавно да разговара за секоја тема со лидерот на ДУИ Али Ахмети но конкретно за идејата Албанец премиер ДУИ ќе мора да започне бојкот на институциите ако сакаат темата да виде воопшто ставена на маса.

-Подготвен сум да седнам со Ахмети пред јавноста и да разговараме како мажи за сè, можеби постои начин да се направи албанскиот премиер, јас сум подготвен во секој момент, но Ахмети мора да биде подготвен да го бојкотира системот и потоа ќе разговараме, истакна Села во емисијата„ Rruga Drejt “на Алсат-М.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This