Села до Заев и Ахмети: Ја направивте Македонија нajkoрумпирана земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Aко требаше да се направи акционен план за борба против корупција, тогаш клучните луѓе во Владата ќе мора прво да одат во затвор, а потоа да се очекува да стапи на сила некој евентуален антикорупциски план, велат од Алијансата на Албанците, откако владата објави акциски план за борба против корупцијата. Се додека сте Вие на Власт, истакнуваат од партијата на Зијадин Села, ние ќе продолжиме да бидеме балкански шампион во корупција.

„Господине премиер, Владата предводена од вас и Али Ахмети ја направија Македонија најкоруптивна држава на Балканот и вие мора да преземете одговорност за ова. Господине премиер, оваа Влада предводена од Вас и Али Ахмети, на компанијата „Пуцко петрол“ на пратеникот од ДУИ му дадоа тендер за набавка на нафтени деривати веднаш по изборите на 15 јули, затоа што Исмаил Јахоски истури милиони евра за да купи гласови за ДУИ. Господине Премиер, токму владата што ја водите Вие и Али Ахмети ќе им „прости“ милиони евра пари на граѓаните, на олигарси со купување акции од „Макпетрол“. Господине Премиер, Вашата Влада и Вашите луѓе направија коруптивни скандали во случајот „Рекет“ и многу малку од нив одговорија пред судството“, велат од АА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This