Селото Герман отсечено од цивилизација поради натрупан снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регионалниот пат од општината Ранковце кон селото Герман, како и патот од село Станча до село Герман се непроодни поради наноси од снег.

– Од Одговорното лице за контакт од СВР Куманово со РЦУК-от, сме информирани дека од страна на дежурниот Раководител од Полициска станица Ранковце е информиран, дека регионалниот пат R-2248 од Општина Ранковце во правец на село Герман, и на потег од село Станча до село Герман е непреоден за сите моторни возила, стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.

Како што појаснуваат од РЦУК, од страна на Македонија пат пристигнало известување дека расчистувањето на овие патни правци ќе започне во текот на денешниот ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This