Сергеј Варошлија удри по стајлингот на фолк пејачката: „Што е со Елена Велевска, колку рибарски мрежи има настегано на себе“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот моден критичар Сергеј Варошлија во својата емисија „Мода“ често знае да ги критикува или да ги пофали модните комбинации на личностите од јавната сцена.

По Елена Стефановска, Тамара Тодевска, Елена Ристеска и ред други јавни личности сега на ред се најдоа Сузана Гавазова и Елена Велевска.

Имено, во последнaта емисија на ова модно издание, Варошлија коментираше фотографија на која заедно се Елена и Сузана.

„Вчера сакаше да ми пукне душата, од оваа фотографија. Дали е можно во 21 век, фолк естрадата да изгледа овака. Да фотографијата била стара од пред една година. Овој изглед е нешто што е најужасно и најлошо“ вели модниот критчар.

Тој го истакна своето мислење прво за македонската фолкерка Сузана Гавазова.

„Госпоѓа Гавазова во целиот овој панаѓур на невкус дури изгледа и пристојно бидејќи има некое кожно фустанче, црни потпетици“, изјави Сергеј.

Меѓутоа, за Елена Велевска немаше пофални зборови и не се штедеше да го прокоментира нејзиниот стајлинг.

„Што е со Елена Велевска со мреживе, колку рибарски мрежи има настегано на себе. Чизмички, мрежасти холахопки, па имаме шорц. Мрежастетите холахопки се натегнати до горе, а под нив има бел прслук кој се наѕира, а врз кој е ставен црн прслук, ама тука холахопксите се зашиени со конец. Има сешто, орглица, лоша коса, лоша шминка, лоша фризура. Ова е крпи закрпи. Не функционална комбинација за никаде, за никакво излегување, ни за по дома, ни за во свет, ни за 1ви април. Oва е некое парчосано, парталосано издание“, објасни модниот критичар во „Мода“.

Целото издание може да го погледнете во видеото подолу.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This