СЕУШТЕ НЕМА РЕАКЦИЈА ОД МЕЃУНАРОДНАТА И НЕВЛАДИНИТЕ: Царовска се вклучи во кампањата како министерка, вршејќи груба изборна злоупотреба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На дело се спроведува груба изборна злоупотреба и кршење на изборниот законик, каде министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се вклучи во изборна кампања и ветува изградба на нови градинки и дава ветувања пред граѓаните, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерката Мила Царовска.

-За да лицемерието биде поголемо таквото ветување го дава во Струмица каде на власт е СДС три изборни мандати по ред, и каде имаше доволно време да се изградат тие градинки кои со години останаа само празни ветувања на општина Струмица и СДС. Граѓаните на Струмица го препознаа неодговорното, лицемерието и неработата на владата на СДС која предизвикува хаос и неизвесност кај граѓаните, и го уназадуваат општеството, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека граѓаните на Струмица веќе не можат расипничко да дозволат расипничкото управување на Заев и СДСМ повторно да се отслика во Струмица. ВМРО-ДПМНЕ додава деќа струмичани ќе кажат „НЕ“ за Заев, Јанев и СДСМ на 15 октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This