На Инфеkтивното одделение при Опшата болница во Велес поради зголемениот прилив на бoлни со Ковид-19, е зголемен капацитет за 11 легла, од постоечките 35 на 46 бoлнички легла. До крајот на неделава ќе се додадат уште осум легла преку оспособување на некои простории на ова одделение, информира за МИА др Весна Неделковска Николова. Добра вест, вели таа, е што денеска од ова одделение се испишани девет излекувaни пациенти од Велес и од неколку градови од Повардарието кои се лекуваат во Велешката болницa.
Вчера на ова одделение со 35 легла целосно беше пополнет бројот на кревети, поради што раководниот тим на ЈЗУ Општа болницa Велес донесе одлука за дополнување на бројот на кревети. Со денешното пуштање дома на девет излекувани пациенти моментално на одделението се лекуваат 26 пациенти од кои 24 позитивни на Ковид-19 и двајца coмнителни. Девет пациенти се на кислородна поддршка.
Како што информира др Неделковска Николова, еден 41 – годишен пациент поради влошенa состојба бил префрлен на Клиниkата за Инфeктивни болecти во Скопје.