СЕ БЛОКИРААТ ПОТЕНЦИЈАЛНИ ИНВЕСТИТОРИ: Дали владата работи на индустриската зона во Пробиштип?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Емил Димитриев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања ја запраша владата, што се случува со индустриската зона во Пробиштип.

Тој истакна дека претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започнала уредувањето на индустриската зона во Пробиштип, издвоила средствата за изградба на инфраструктура, водовод, канализација и спроведување на електрична енергија.

– Во 2015 година претходната влада започна подготовка за уредување на индустриска зона во Пробиштип. За таа цел беа издвоени средства за градба на инфраструктура, водовод, канализација и електрична енергија се со цел привлекување на домашни, но и на странски инвеститори. Поттикнати од повеќе мотиви меѓу кои два би издвоил, слободната работна рака која што сеуште постои во тој регион и вториот мотив кој што сега можеби не е толку актуелен е тоа што тој крај егзистира од рударството.

– Таа дејност е дејност која што има свој почеток и крај и паметните држави и општества размислуваат уште додека функционира таа индустрија, да се направи алтернатива на таа економија, да во случај кога ќе заврши тој процес на рударење, граѓаните и жителите од тој крај да имаат со што да се занимаваат и да егзистираат и понатака. Значи се започнаа активности во делот на градба на водовод, се изгради водоводот, канализација се урбанизира целата зона и работите застанаа, барем моите информации се до моментов дека работите застанале до спроведување на постапка за носење на електрична енергија во зоната. Паралелно со тоа работевме на изнаоѓање на инвеститори кои што ќе инвестираат во таа зона, вели Димитриев.

Според договореното, компаниите кои инвестирале во зоната требале започнат со работа кон крајот на 2017 година. Пратеникот Емил Димитриев потенцира дека пролонгирањето на спроведувањето на електрична енергија ќе влијае на инвеститорите и на нивното расположение за понатамошно инвестирање во зоната како и привлекувањето на нови инвеститори.

– Дали Владата работи на ова? Бидејќи факт е дека има едно пролонгирање во планот на овие инвеститори, планот беше да започнат со работа крај на 2017 година. Реално ако оваа година не се започне со реализација на доводот на електрична енергија ќе се пропушти и 2018 година. Што мислам дека ќе влијае на нивното расположение за понатамошно за понатамошно инвестирање. А уште повеќе ќе влијае на инвеститорот кој што е нивен партнер, а беше заинтересиран за инвестирање во истата зона, рече пратеникот Емил Димитриев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This