April 27, 2024, 12:12 am

Се излеа Треска- оштeтeни патиштата до повеќе села

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надојдените води на Треска, по вчерашните интензивни врнежи од дожд, предизвикаа излевање на реката во селата Лисичани, Вранештица и Пласница, а во текот на денот се излеа и кај Македонски Брод од Пешна до село Девич.

–Треска по вчерашните интензивни врнежи од дожд, се излеа од своето корито во текот на попладнето кај Македонски Брод. Поплави поголеми површини ниви и ливади од мотелот Пешна до село Девич, каде се полавени повеќе десетици хектари плодно земјиште, истакна Далибор Мисајлески, жител Македонски Брод и додаде дека поројните дождови тешко го оштетиле патот до Рамне.

Силните врнежи од дожд покрај излевањето на Треска ги оштетија патиштата до повеќе села во Поречијата.

-Патот до село Рамне, кој нема асфалт, од силните буици вода е тешко оштетен и со моторно возило е невозможно да се стаса до селото, додаде Мисајлески.

Во Македонски Брод, Треска порасна до висината на мостот, каде се мери нејзиното ниво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This