- Advertisement -
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, денес во изјава за медиумите изјави дека не сака да верува дека Владата планира изградба на мигрантски кампови во неговата општина, и дека тој се надева дека до нешто такво нема да дојде
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Видете, не сакам да дискутирам за никаква национална стратегија, ниту пак сакам да верувам дека постои било каква можност мигранти да дојдат во нашата општина. Искрено не сакам да верувам во такви информации, шпекулации кои се шират во нашата општина, и да се надеваме дека до такво нешто нема да дојде. – изјави Коневски.[/kopa_block_quote]
Во текот на вчерашниот ден, граѓанската иницијатива „Будење“ вчера пред трговскиот центар „Бисер“ собираше потписи од граѓаните за иницијатива за спроведување на референдум против изградбата на мигрантски населби во општина Аеродром.