СЕ ОГЛАСИЈА И ЛЕКАРИТЕ КОИ СЕ ОБИДОА ДА ГО СПАСАТ ШАБАН : Еве зошто на кралот на народната музика му пукнала аортата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ зaгинa во сообраќајна несреќа, а сега се огласија и лекарите кои се обидувале да го спасат пејачот.

Имено докторката која го водела тимот, рекла дека Шаулиќ сам излегол од автомобилот, бил свесен и зборувал, но не го разбирале бидејќи зборувал на српски, но сфатиле дека се жали дека го боли грлото и има болки во градниот кош и дека состојбата му се влошила.

Поради подготовка за транспорт, лекарите, според германските медицински стандарди, му дале стандардно средство за успивање и го внеле во хеликотер. Решено е да биде префрлен во болница со хеликоптер, поради проценка на лице место дека тој е најтешко повреден. Останатите двајца повредени биле префрлени во други две болници со санитетско возило.

Лекарите тврдат дека Шаулиќ ја добил најдобрта можна нега, која вклучувала превоз со хелкоптер и цел тим на лекари.

Во болницата стигнале околу осум часот, а после реанимацијата морале да му го отворат градниот кош и тогаш виделе дека аортата му пукнала, што медицински е невозможно да се санира.

Лекарите сметаат дека појасот во автомобилот од силината на ударот се затегнал на тоа место, при што дошло до пукање на аортата.

Шабан пoчинaл во 10.25 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This