СЕ ОГЛАСИЈА ОД ТУТУНСКА БАНКА: Кражбата од два милиони евра нема да наштети на секојдневното работење на банката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Согласно информациите, кои се проширија во јавноста за истрагата за инцидент настант во НЛБ Банка АД Скопје, она што е најважно е да ве информирам и ве уверам дека сите наши клиенти и колегите вработени на нашата банка се сигурни. Сите средства на нашите клиенти се апсолутно безбедни и клиентите не треба воопшто да се загрижени. Банката ги има превземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности, вели Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

nlb-tutunska-640x360

 

Во писмената изјава испратена до медиумите , во врска со грабежот во НЛБ Банка се вели:

Во моментот соработуваме целосно и активно со надлежните власти. Соработката е конструктивна и многу професионална, и се надеваме на брз и позитивен исход од истрагата.

Како не би го попречувале напредокот на истрагата, во овој момент не би можеле да коментираме повеќе за настаните се до крајот на истата, сепак сите понатамошни информации треба да дојдат од надлежните истражни органи.

Уверено можам да изјавам дека, настанот нема влијание на секојдневното тековно работење на Банката и НЛБ Банка АД Скопје ја продолжува својата успешна работа, како креатор на современи и сигурни банкарски услуги за нашите клиенти, истовремено постигнувајќи одлични финансиски резултати, како и досега.”, се вели со соопштението од претседателот на УО на  НЛБ Банка, Антонио Аргир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This