April 28, 2024, 10:33 am

Се огласи Хан во врска со oбвинyвaњaта за kopyпција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот Јоханес Хан ги отфрли сите обвинувања на францускиот дневен весник „Либерасион“ за наводна корупција.

– Европската комисија утврди дека нема конфликт на интереси, ниту злоупотреба на положбата – наведе тој во изјава за австриското радио Ое1.

Одлуката дали ќе биде покрената внатрешна истрага против Хан е во надлежност на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. „Либерасион“ го обвини Хан дека во декември 2015 година учествувал во лов организиран од белгиската лобистичка организација на сопственици на недвижности (ЕЛО), кои ги платиле сите трошоци.

Вечерата, која чинела 2.178 евра за вкупно 11 лица, на која присуствувал и првиот човек на лобистичката организација, ја платила Европската комисија за ревизија, бидејќи ја организирал тогашниот белгиски член на таа организација Карел Панкстен.

Хан порача дека и еврокомесарот има право на слободно време.

– Во тоа време добив приватна покана од долгогодишен член на Европската ревизорска комисија, Белгиец, да му гостувам, а следниот ден учествував во ловот со мојата тогашна партнерка, кој исто беше ловец – објасни тој.

Хан ова не го пријавил во Регистарот за транспарентност на ЕУ, бидејќи, како што вели, се работи за приватна покана.

На обвинувањата дека прифатил три покани на сметка на Комисијата за ревизија, за ручек во јуни годинава, Хан рече дека тоа било „случајно совпаѓање на термините“.

Француски „Либерасион“ тврди дека Хан бил должен да го пријави своето присуство на тие ручеци до Комисијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This