СЕ ОГЛАСИ ЦИПРАС ПО ИСТОРИСКИОТ ПOPАЗ: Донесовме тешки одлуки и плативме тешkа политичка цена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните ја донесоа нивната одлука, целосно ја почитуваме одлуката на народот, рече грчкиот премиер во заминување на почетокот на неговото обраќање пред новинарите и јавноста од прес центарот во салата за конференции Запио, јави дописничката на МИА од Атина.

Се бopeвме и постигнавме многу, секогаш со крената глава и сега, повторно со крената глава ја прифаќаме одлуката на народот. Со крената глава бидејќи знаеме дека Грција што ѝ ја предаваме на новата влада нема никаква врска со тоа каква беше Грција кога ја презедовме, истакна Ципрас.

Грчкиот премиер во заминување рече дека стапил во контакт со Кирјакос Мицотакис за да му честита за победата и утре ќе го прими во премиерската палата за да му ја предаде функцијата.

Алексис Ципрас истакна дека тие ќе бидат одговорна и динамична опозиција, а говорејќи за изминатите четири години рече дека донеле тешkи одлуки и презеле тешkа политичка цена.

Според последните објавени резултати, Нова демократија ќе има апсолутно мнозинство во парламентот, односно меѓу 155 и 167 пратенички места од можни 300. Ова е најубедливата победа на една партија на изборите во Грција од 1981 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This