“Се оженииив” – Марко ја круниса својата љубов со саканата во старки и летен аутфит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Те сакам Цена и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна“, напиша харизматичниот водител во описот на фотките од свадбата.

Марко Новески е дефинитивно едно од најпозитивните и најомилени ТВ лица во Македонија. Секогаш насмеан, уникатен и со харизма, тој остана најпрепознатлив по емисијата „Дај побрзај“.

Токму таков забавен, позитивен и свој беше и на денот на венчавката со својата сакана Цена Плавеска. Двајцата беа во лежерни жолто-бели стајлинзи со старки на нозете, а си ветија љубов до крајот на животот во кругот на најблиските.

Maрко на својот Инстаграм профил објави видео со фотки од свадбениот ден, кое еднаш Инстаграм му го тргна, па се пошегува:

„Ајдеее уште еднаш. Зошто Бруно Марс е лешпер и си ја заштитил песната морав да го тргнам постот.

Се оженииииив.

Те сакам Цена и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна.

Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и секако до старосватицата Сашка за стручната логистика околу овој чин.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This