СЕ ПЕНЗИОНИРА?: Вучиќ нема да се кандидира за лидер на СНС, од јуни партијата ќе има целосно ново раководство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, најави дека во јуни 2020 година неговата партија ќе добие целосно ново раководство, од претседател до членови на Главниот одбор.

Вучиќ изјави дека нема да се кандидира за лидерската функција во партијата, изразувајќи надеж дека неговиот наследник ќе може да ја предводи партијата како што доликува.

По двочасовната седница на Главниот одбор, Вучиќ истакна дека партијата ќе одржи собрание на Видовден, 28 јуни, а тогаш ќе бидат избрани и членовите на сите партиски тела.

Лидерот на владејачката СНС, исто така, изјави дека актуелната премиерка Ана Брнабиќ на денешната седница на Главниот одбор е избрана за член на Претседателството на партијата со акламација од сите членови на одборот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This