СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НА БЕСНИ КУЧИЊА ВО СКОПЈЕ: Малолетно девојче и 24 годишно момче нападнати од кучиња во центарот на Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две лица биле каснати од кучиња во текот на минатите два дена во општина Центар.

 

Вчера во 21 часот 44 годишниот Д.Б. во Полициската станица Центар пријавил дека истиот ден во 17:30 часот на улица „Караорман“ неговата малолетна ќерка била нападната од две кучиња кои ја гризеле во пределот на десната надколеница. Како што пријавил таткото полиција кучињата биле сопственост на двајца соседи од истата улица.

Другиот инцидент бил пријавен во Полициската станица Центар во текот на вчерашниот ден во 01:40. 24 годишниот Д.Т. пријавил дека на 05.06.2018 година во 23:10 на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, додека се движел пеш, бил каснат од куче-скитник во пределот на левата потколеница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This