Се полни буџетот – 269 санкционирани (не)возачи во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зачудува недисциплината со која возачите учествуваат во сообраќајот. Не треба да не зачудува фактот што од бројот на изречени казни и глоби во сообраќајот по глава на жител сме можеби и во самиот врв на Европа. Буџетот можеме слободно 2 пати да го наполниме од сума од изречени казни во сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 78, 26 санкции за возење без возачка дозвола, 19 за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се 17 санкции за користење на мобилен телефон, девет мерки за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен семафор (црвено светло), 37 за непрописно паркирани возила, соопштуваат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This