СЕ УКИНУВААТ ТЕРМИНИТЕ МАЈКА И ТАТКО: Дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклучувајќи ги наставните содржини во основното образование и дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со резерва гледа на Законот за спречување и заштита од дискриминација предложен од Зоран Заев и Мила Царовска, бидејќи во предлог законот се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.

Ги прашуваме Зоран Заев и Мила Царовска зошто сакаат да ја сменат дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена, како и политика на посвојување на деца? Јавно прашуваме што значи воведувањето на новиот термин „родов идентитет“?

Досегашното македонско законодавство го познава поимот пол, кој што може да биде машки и женски. Полот е билошки детерминиран, со биолошките карактеристики.

Го прашуваме предлагачите што значи воведувањето на терминот „родов идентитет“? Дали родовиот идентитет може да биде флуиден и променлив?

Дали воведувањето на категоријата „родов индентитет“ и промена на дефиницијата на бракот ќе доведе до промена на наставните планови и лекции за децата во градинките и основните училишта?

Што значи актуелната предложена измена на Законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклучувајќи ги наставните содржини во основното образование и дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б.

Ова се крупни општествени прашања за кои сличен поглед имаат сите граѓани православните, муслиманите, католциите, протестаните, евреите и сите останати. Во врска со овие прашања потребно е да се земат во предвид ставовите на МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, еврејската заедница и другите верски заедници. Живееме во држава и општество каде огромното мнозинство на граѓани се приврзаници до традиционалите и семејните вредности, кои што се наша заедничка вредност.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш е против било која форма на дискирминација и сака да гради општество без дискриминација.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This