Силјановска до Заев: Не се станува европјанин со веење на европско знаме и скратена постапка за донесување закони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката Гордана Силјановска Давкова, упати неколку прашања до Заев и претставниците од владата, при што и укажа на владата на незаконието кое го прават, преку непочитување на законите, особено со праксата на ставање на европско знаме на секој еден закон. При што даде и апсурдни примери кои се случувале во Собранието.

Таа напомена, дека иако нема ништо од почеток на преговорите со ЕУ, реализацијата на овие одредби од договорот, наместо да се врзе за националните интереси тече со огромна брзина.

Силјановска Давкова постави и второ прашање, а кое се однесува на донесувањето на законите со европско знаме. Како што рече таа дури се случува да пристигне во Собранието закон по редовна постапка, па истиот да исчезне и на крај да се врати под европско знаме.

Ќе се согласите дека не се станува европјанин со веење на европско знаме, туку со редовна постапка, и со три читања зошто таа гарантира инклузивност и дијалог, му се обрати Силјановска на Заев.

Силјановска Давкова констатираше, дека наместо скратената постапка да биде исклучок, таа станува правило.

Во насока на непознавање на правото и работење во спротивност со интересите на државата и правото Силјановска кажа:

–          Во чл.1 ст.10 од Преспанскиот договор се говори за два периода, едниот технички, а другиот политички, првиот се однесува на постоечките документи и материјали, за внатрешна употреба, а може да се употребуваат и надвор и во него пишува дека тие треба да се реализираат најдоцна  5 години од влегувањето во сила на договорот, додека политичкиот период се однесува на документи и материјали, кои што се за внатрешна употреба и нивната примена се врзува за отворање на секое поглавје на релевантното поле, оттука таа постави прашање зошто и во реализацијата и на политичкиот и техничкиот период, толкава брзина? Зошто не ги усогласите чекорите со националните интереси. Особено кога е во прашање вториот феномен, политичкиот. Ние се уште не сме добиле датум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This