СИЛЈАНОВСКА ОД ГРАДОТ НА СВОИТЕ ПРАДЕДОВЦИ: Глас за мене е глас за владеење на правото!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најискрено кажувам дека гласовите на граѓаните од Кичево, без оглед на националната, етничката, верската или друга припадност имаат посебно значење за мене, веќе кажав дека Кичево е градот на моите прадедовци, дедовци и родители, Кичево е градот и на моите Албански побратими, порача кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

-Јас очекувам кичевчани да се одважат и да гласаат по свое, а не така како што ќе им кажат партиите, туку со длабока верба дека Македонија и Кичево можат да бидат пристојно место во кое владее правото само ако граѓаните лично си го третираат избирачкото право. Значи се обраќам до кичевчани, како до граѓани и потенцирам дека гласот за мене значи глас за влaдеење на правото. Во таков град и во таква држава сите повторно без оглед на етничката, расна и верска припадност, социјално и друго потекло ќе имаат еднакви шанси, рече таа.

Професорката додаде:

„Оставам на кичевчани да решат, меѓутоа ги потсетувам дека овие гласови имаат посебна емотивна а не само политичка вредност. Особено опкружена со жени значи дека гласот за Гордана е гласот за жена, гласот за Гордана е глас а кичевчанки за Гордана, ама и на сите кичевчани бидејќи она што е заедничко за сите нив и за мене е татковината и заедничкото потекло, без оглед повторувам не мора да е Македонија само на Македонците, Македонија е татковина и на Албанците и на Турците и на Ромите и на Власите и на Бошњаците, на сите оние кои се родени овде и ја чувствуваат земјата како своја“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This