Силeн зeмјотрeс од 4,3 степени регистриран во Дубровник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во 11 часот и 7 минути во близина на Дубровник, и го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина и Хрватска.

Земјотресот, регистриран во областа на јужниот Јадран, порталот Далмација денес го опишува како краток, но посилен.

Епицентарот бил на 68 километри југоисточно од Мостар и 14 километри југозападно од Дубровник, на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.

Длабочината на земјотресот се проценува на еден километар, пренесува Танјуг.

„Тој беше силен и жесток“, „Тој нè разбуди“, „Бевме многу вознемирени“, „Тркалаат и треперат“, се само дел од коментарите на читателите на порталот Далмација денес, а слични коментари беа објавени и на страници на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This