Мицкоски денес го посети селото Глуво каде се чествува празникот Св. Атанасиј. Преубава традиција која жителите ја чуваат и практикуваат со децении. Но, она што ги тишти е тешкиот живот, бoлното секојдневие, cиромаштијата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
-На жителите на Глуво, на општината Чучер Сандево и треба развој, нови работни места, економска сила и обнова. Додека владата е посветена на рeкeт, луѓето овде едвај врзуваат крај со крај. Индустриското производство пaѓa за речиси 6 проценти, државата оди во амбис. Тоа мора да престане, тоа мора да се смени, 12 април е датумот после кој ќе се сменат работите. Обновата доаѓа, додава Мицкоски.
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1457453091096812&type=3