СИСТЕМАТСКО УHИШTУBAЊE НА ШУМИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: 14 илјади хектари шума изгopeлe во пoжapи оваа година – гopи Маврово, Кожув и Попова Шапка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници хектари шума секоја година неповратно се уништуваат во пожари предизвикани од несовесни граѓани или дрвокрадци. Црната статистика покажува дека од 2014 година па досега се уништени 40.399 хектари шума или над 4 отсто од целокупниот шумски фонд во државата. Во овие пожари целосно изгореле 184 илјади кубици дрва.

Во моментов гори на Шара, Кожув и во Маврово. Гори во крушевскиот, велешкиот, прилепскиот и кичевскиот регион. Горат ниви, горат стрништа, горат ридови.

Она што е јасно е дека граѓаните ќе трпат најмногу последици од систематското уништување на шумите.

Според надлежните човечки фактор стои зад сите пожари во моментов а на рака одат и условите, топлото време и сувата почва.

Тој вели дека големиот број на пожари влијаат и врз работата на јавното претпријатие бидејќи голем број екипи се на терен и се справуваат со огените стихии а со тоа се доведува во прашање испораката на испорака на огревно и техничко дрво.

Од 364 пожари регистрирани годинава во само дваесетина случаи се откриени сторителите. Некои случајно некои намерно го предзивикале пожарот. Но МВР и обвинителството секогаш одат со истата пријава – предизвикување на општа опасност.

Во кривичниот законик има прецизно утврдено кривично дело, член 227 предизвикување на шумски пожар, каде минималната предвидена казна е осум години затвор. За предизвикување на општа опасност, делата за кои најчесто потпалувачите се теретат, важи членот 288 од кривичниот законик каде пропишаната казна е од шест месеци до пет години но може да се замени и со парична.

Извор: telma.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This