СИТЕ ДОКАЗИ УКАЖУВААТ ДЕКА ТОЈ Е ГЛАВАТА: Заев управува со cyдскиот процес за „Peкет“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога Заев ќе одговара за „Рекет“? Сите докази укажуваат дека тој е главата! До кога Македонија ќе биде заложник на Зоран Заев и на неговите пулени Јовевски и Рускоска?, порача на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Зоран Заев и негова вмешаност во ‘Рекет’, но и во други криминогености, рекетирања, подмитувања, уценувања, се нагласени среде судница, а во врска со најголемото криминално рекетарско урнисување на правдата во Република Македонија. Ама Зоран Заев останува недопирлив за обвинителството. Тоа може да значи само едно: дека урнисувањето продолжува, трговијата со правдата уште трае, Заев комплетно го контролира судско-обвинителскиот систем во Република Македонија. Ова веќе не е ниту хибриден, ова е чист авторитарен режим, чисто диктаторство!, рече Стоилковски.

Тој обвини дека се кријат докази во судскиот процес и го повика обвинителството да започне, како што вели, сериозен процес за случајот по наводите искажани во судница.

– Зоран Заев повикувал со СМС, сега првообвинетиот, на споредување на доказите, на соочување на доказите! Јасен показател дека не само што знаел, туку и управувал со доказите, знаел за дејствата, а и сега управува со истрагата и процесот кој што е на крај, а ниту парите ниту торбата ја нема! И управува со Јовевски и Русковска телефоните да не бидат вештачени. Ниту неговиот, ниту на првообвинетиот! Внимавајте, парите ги нема, а на првообвинетиот телефонот не се вештачи. Зошто, заради можноста од внатре да не излезат пораките од Зоран Заев и докази за негово управување со „Рекет“? Нема вештачење затоа што тоа би покажало дека Зоран Заев знаел за се, дека управувал со акциите, дека ги има и доказите пред процесот, дека компромитирал докази, додавал, вадел, монтирал? Дека Заев е зад акцијата, ама и зад процесот на ЈО и судот. Ова е срамно. Ова е најцрно шурување со криминалот какво што Македонија не памети. Јавните обвинители работат спротивно на функцијата, злоупотребуваат позиција, по политички диктат, во заштита на криминал!, порача Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This