СИТЕ ЕКСПЕРТИ: За сопругот на Дескоска името не може да се врати назад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Тони Дескоски тврди дека новото име согласно Преспанскиот договор не може да се смени.

Во дебата со новинарот Бранко Героски на Фејсбук професорот и сопруг на министерката за правда Рената Дескоска вели дека процесот е иреверзибилен.

Героски пренесува грчки извори кои велат дека со пропаста на датумот за ЕУ Македонија нема обврска да го користи новото име за внатрешна употреба но Дескоски не се согласува:

“Почитуван,

Она на што се жалат Грците, се ситните чистења на старото име. И тоа ги нервира, затоа што сега ќе се закочат тие ситници. Но, главниот дел од преименувањето на државата е завршен.

Така што, немојте попусто да се радувате и да ширите лажен впечаток дека името на државата не е сменето”, одговара Дескоски иако никој не го прозива.

Сопругот на министерката оди уште потаму и тврди дека според Преспанскиот договор и македонската граматика е јасно како треба да се користи придавката од новото име.

“Веќе направените измени се иреверзибилни. А обидот да се прикрие преименувањето е резултат на печење на нечија совест, некој што го поддржа истото, па сега сака да се испере.
Конечно за граматиката, во правописот е јасно запишано како се формира придавка од “Северна Македонија”, тврди Дескоски.

На почетокот на септември тој јавно ги пофали членовите на фудбалската репрезентација кои во два наврати ги нарече “Северномакедонски”.

Професорот на правниот факултет во Скопје Тони Дескоски беше дел од правниот тим на Македонија кој ја обезбеди одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Судот пресуди во корист на Македонија во процесот за името против Грција при што судиите утврдија дека Македонија има целосно право да се именува со своето име и не ја краде грчката историја и култура.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This