СИТЕ ЗЛОСТОРСТВА НА УЧК/ОВК: Формирана база на докази и податоци за злосторствата на терористите од ОВК во Србија и Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одборот за Косово и Метохија, на чие чело се наоѓа Милован Дрецун, формираше единствена база на податоци за сите направени злосторства на терористичката група ОВК, која не е селективна во однос на националната припадност на жртвите. За кого е наменета воаа бза, кога и каде би можела оперативно да биде употребена и во која цел?


Дрецун бјаснува дека базата е драгоцена поради соработката со Специјалниот суд за злосторства на ОВК, а кој е формиран и се чека да ги издаде првите обвиненија.

„Најпрво е формирана работна група на Одборот за Косово и Метохија, како би се собрале фактите и доказите за злосторствата кои ги направила ОВК на Косово за време на судирот во 1998-1999 и 2000. година, за да му се помогне на Специјалното обвинителство на Србија кое треба да подигне обвиненија за злосторствата на ОВК. Целта е да се соберат што повеќе докази. Собраната документација која укажува на тие злочини, имаме и потенцијални осомничени, воспоставивме соработка со обвинителството…Прв пат на едно место се собрани ваков вид на документи, а со кои располагаат и службите за безбедност и државните органи“ – објаснува Дрецун.

Тој оваа база на податоци ја предочил и на генералниот секретар на ОН за политички прашања Мирослав Јенча.

Документите и доказите ќе бидат достапни за јавноста откако ќе бидат подигнати првите обвиненија.

„Тогаш се ќе преточиме во публикација која на систематизиран начин ќе ја покаже застрашувачката кампања на насилство и злочин, чија цел беше етничко чистење која ја спроведуваше терористичката „ОВК“ – вели Дрецун.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This