СКАНДАЛ ВО НАЈЛУДАТА НОЌ: Мараја Кери ја напуштила бината на Тајмс сквер поради плејбек!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Годината што измина, 2016, не беше добра за пејачката Мараја Кери, на која во новогодишната ноќ и пропадна настапот на прочуениот Тајмс Сквер, каде поради технички проблеми во изведување на плејбекот, ја напуштила бината пред предвидениот крај на концертот.

maraja

Имено аудио снимката на песните не се поклопувала со зборовите кои пејачката нечујно ги изговарала, само отварајќи ја устата, пред милионите луѓе кои дошле да ги чујат нејзините најпознати хитови.

Во блескав костум, Мараја Кери, исфрустрирана одела по бината натаму наваму, додека танчерите кои настапувале со неа не ја повеле по степениците. И понатаму збунета, американската поп ѕвезда се обидела да отпее уште една песна „Емоции“, кога рекла: Што е, тоа е!

-Не вреди, не може подобро – заклучила разочарано таа и ја напуштила бината.
Гледачите имале мноштво негативни кометнари за нејзиниот настап.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This