СКАНДАЛ ВО ШТИП: Кандидатот на СДС го дели личниот весник по средношколци како дел од политичката кампања!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штипскиот новинар Иван Бојаџиски кој се најде на листата на советници на СДСМ, освен честите прошетки до општинската изборна комисија се јавува и во улога на колпортер. Неговиот приватен весник „Штипски глас“ се дели низ штипската гимназија со дозвола на директорот Ристо Петковски, долгогодишен кадар на СДСМ и негов личен пријател.

 

Приватниот весник на кандидатот за советник на СДСМ, новинарот Бојаџиски се дели низ штипската гимназија.

На насловната страница на најновиот број е интервју со кандидатот за градоначалник на СДСМ, Благој Бочварски, а во дистрибуцијата на весникот е вклучен и неговиот татко Венцо Бочварски, инаку градежен инспектор во локалната самоуправа.

Наместо директорот Петковски да дистрибуира книги, тој шири памфлети од весникот на Бојаџиски, со што свесно врши партиско-политичка агитација пред избори, меѓу средношколци. Гимназијата е претворена во киоск за дистрибуција на личниот весник на Бојаџиски.

Очигледно Министерството за образование и наука нема време да реагира исто како и државниот просветен инспекторат кој е во блиски реалции со директорот Петковски. Петковски е познат по „удоволувањето“ на секоја гарнитура на власт без оглед дали е на централно или локално ниво, со цел да си го зачува директорското место иако старите кадри на СДСМ не го сакаат. Во училиштето е вработен и неговиот син.

 

 

Захариев бара реакција од ЗНМ

Градоначалникот на општината, Илчо Захариев испрати писмо до ЗНМ и првиот човек Насер Селмани, со неколку прашања:

-Дали знаете дека регионалниот координатор на ЗНМ за Источна Македонија, стана кандидат за советник на место број 11 на советничката листа на СДСМ во Штип?

-Дали вака ЗНМ го замислува професионалното и бјективно новинарство?

– Дали е дозволиво координатор на новинари да биде на партиска листа а при тоа да ги убедува луѓето дека тој е професионален и ОБЈЕКТИВЕН новинар?

– Дали знаете дека посочениот ја користи својата новинарска професија за да ги посетува фреквентно членовите на Општинската изборна комисија и да им врши притисоци а при тоа сите знаат дека влегува во политичка кампања?

И на крајот…Дали овој „новинар“ треба да ги води новинарите на Истокот ?

Истото го пренесуваме во продолжение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This