СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Сопругот на Радмила Шеќеринска, Божидар Јанковски – Дајнерс има фалсификувана диплома?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Контроверзниот новинар Зоран Божиновски и воедно уредник на подеднакво контроверзниот портал Буревесник на својот Фејсбук профил објави скандалозни обвинувања за сопругот на вице-премиерката и министерска за одбрана Радмила Шеќеринска. Според Божиновски сопругот на Шеќеринска, Божидар Јанковски попознат како Бобо Дајнерс се стекнал со ,,фалсификат магистратура’’ и ,,тетовска диплома’’ од Тетовскиот Универзитет.

Според информациите кои кружат во јавноста ова е обид за дискредитација на Шеќеринска и нејзиниот сопруг и некој најверојатно намерно ја протекол оваа информација за која Божиновски наводно има докази. Нашиот портал веќе подолго време пишува за внатрепартиската борба во СДСМ помеѓу која Шеќеринска ја води со традиционалните структури во партијата, со цел инсталирање на свои кадри на раководните функци кои би требало да ги завземат луѓе кои би дошле од НВО и т.н. „шарена револуција“.

Ваквите планови на Шеќеринска веќе подолго креираат раздор во владејачката партија во која најголем дел од лојалните членови се отфрлени и исклучени од партискиот живот, а нивните места кога станува збор за вработување, или партиски ангажман се доделува на луѓе, т.н. „падобранци“ во партијата.

На ваквата стратегија на Радмила Шеќеринска, која патем кажано го одведе СДСМ до најкатастрофалниот пораз на партијата, силно се спротивставил Оливер Спасовски, кој по секоја цена се обидува да ја задржи монолитноста во партијата и да даде приоритет на лојалното членство.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This