Скандал на состанокот Србија – ЕУ: Дачиќ вербално го нападнал Вархељ – еврокомесарот ја напуштил средбата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во еден момент Дачиќ зел збор и грубо му се обратил на Вархељ.

На состанкот меѓу еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ и српската премиерка Ана Брнабиќ заедно со министрите дошло до непријатна ситуација кога министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ вербално ги нападнал гостите, кои потоа го напуштиле состанокот. Еден час пред Дачиќ да му се „заврти“ на Вархељ, разговорот течел потполно нормално, без високи тонови и непријатности, пишуваат српските медиуми.

– Беше многу непријатен. Му рече дека не знае каде дошол, дека молчи додека некој ги присвојува српските манастири на Косово, дека молчи за таксите кои ги воведе приштина на српските производи, вели извор за „Блиц“.

Претседателката на Владата, како и министерката за ЕУ, Јадранка Јоксимовиќ и министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ биле зачудени, а потоа Вархељ го вклучил микрофонот и му се обратил на шефот на српската дипломатија.

– Јас сум единствен европски комесар кој реагираше на таксите, го осудив тоа што се случува во Црна Гора, Србија е прва земја во која дојдов по воведувањето на новата методологија и конечно, дојдов овде за да ви помогнам, рекол Вархељ.

Потоа го исклучил микрофонот и и се доближил на Брнабиќ, се ракувал и ја напуштил просторијата.

Дачиќ бил повикан да каже зошто го нападнал гостинот, а тој рекол оти не го нападнал Вархељ, туку ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This